Нов пораз на КК Куманово

24.10.2010 11:38 | KumanovoNews

Кошаркарите на Куманово го претрпеа и четвртиот пораз во новата сезона. Овој пат поуспешни беа кошаркарите на Работнички со 80:66.

Нов пораз на КК Куманово

Екипата на Работнички беше подобар противник во текот на целиот натпревар. Освен почетните 0:4 негатива, имаа водство кое во првата четвртина изнесуваше 14, а на полувреме дури 31 поен разлика. Лоша втора четвртина имаа кумановчани, кога постигнаа само 5 поени. Работнички во третиот период продолжи во слично темпо, па најголемата резултатска разлика изнесуваше 40 поени. Потоа почнаа да влегуваат и резервните играчи кои успејаа да забележат само 7 поени, па разликата до крај се сведе 14.

Најефикасни на натпреварот беа Симиќ со 21, Стефанов со 17 и Мираковски со 14 поени. Во Куманово, Матиќ постигна 17, Петриќ 15 поени и 9 скока, а одличен настап имаше и младиот играч на Куманово Нинковиќ со 10 поени.

Во следниот дуел, КК Куманово во спортската сала во Куманово, го дочекува МЗТ Скопје.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk