Нов супер гол на Пандев

08.04.2013 08:46 | KumanovoNews

Македонскиот интернационалец во тимот на Наполи, Горан Пандев со супер гол во 18-та минута го отвори резултатот на натпреварот против Џенова од италијанската Серија А.

Нов супер гол на Пандев

Пандев во 18-та минута на додавањето од Единсон Кавани се снајде во шеснаесетникот на противничкиот тим и му донесе водство на тимот од Непаол.

Блерим Џемаили зголеми на 2-0 во 29-та минута, а Наполи не успеа да го зголеми водството откако Кавани не го реализираше пеналот кој беше досуден.

Пандев излезе од игра во77-та минута и конечниот резултатот по завршувањето на натпреварот Наполи- Џенова остана 2-0.

Погледнете го голот на Горан Пандев

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk