Новак го стигна Хјуит на вечната листа

06.05.2013 11:27 | KumanovoNews

Првиот светски тенисер Новак Ѓоковиќ се изедначи со Австралијанецот Лејтон Хјуит по бројот на минати седмици на првото место на АТП листата.

Новак го стигна Хјуит на вечната листа

На Ѓоковиќ ова му е 80-та мината седмица на врвот, со што стигна на делба на деветтата позиција со Хјуит, но веќе во следниот понеделник ќе го мине, без оглед на овонеделниот исход на Мастерсот во Мадрид.

Новак има 12.900 бодови на првата позиција, а зад него следат Швајцарецот Роџер Федерер со 8.670 и Енди Мареј од Велика Британија со 8.570.

Меѓу првите десетмина немша промени, зад најдобрите тројца следат Давид Ферер, Рафаел Надал, Томаш Бердих, Хуан Мартин дел Потро, Жо Вилфред Цонга, Ришар Гаске и Типсаревиќ.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk