Новак стисна заби, победи и се расплака

09.04.2013 07:34 | KumanovoNews

И покрајј повредата на скочниот зглоб, најдобриот тенисер на светот ги стисна забите, издржа на теренот, го победи Квери со 3-1 во сетови и ја однесе неговата репрезентација во полуфиналето на Дејвис Купот.

Новак стисна заби, победи и се расплака

После тешката борба, Џоковиќ го обзедоа емоции, ја прослави победата, но не издржа, не ги задржа солзите пред камерите на РТС додека даваше изјава.

 Ме обзедоа емоции, голема чест и задоволство е да се игра за Србија-рече Џоковиќ додека се обидуваше да ги задржи солзите, но не успеа и само дополни:

Што се однесува до повредата, не знам што ќе биде, се надевам ќе биде добро.

Поради оваа повреда Џоковиќ можно е да  го пропушти турнирот во Монте Карло, а колку е сериозна повредата ќе се знае дури после деталните прегледи.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk