Одбојкарите го играат првиот натпревар дома

02.11.2012 11:13 | KumanovoNews

Одбојкарскиот клуб Куманово во сабота го игра првиот натпревар пред својата публика.

Одбојкарите го играат првиот натпревар дома

Противник е минатогодишниот финалист и вице-шампион екипата на ОК Синалко од Крушево. Натпреварот е во рамките на второто коло од натпреварувањето, а се игра во салата на СЕУ Перо Наков и започнува во 17:00 часот. Влезот е  слободен.

Останати парови се:

  • ОК Сушево – ОК Вардар
  • ОК Лирија – ОК Струмица
  • ОК Борец Брако  – ОК Шкендија
  • И слободна е екипата на Мавис од Штип.
Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk