Одбојкарите ја извојуваа првата победа

21.12.2010 09:42 | KumanovoNews

 Во последното коло од есенскиот дел на Првата државна лига во одбојка за мажи, екипата на Одбојкарскиот клуб Куманово успеа пред својата публика да извојува прва победа во сезоната.

Одбојкарите ја извојуваа првата победа

Екипата на Лирија од Жеровјане ја совладаа со 3:2 (25:21, 25:22, 23:25, 21:25, 15:9). По 2 тесни порази од Вардар (3:1) и Мавис Штип (3:2) стигна и прв „полн погодок“ во натпреварувањето.  Пред малубројна публика, во студена Спортска сала, натпреварот донесе интересна борба. Во подмладениот состав, без 2 стандардни првотимци,  одбојкарите на Куманово рутински дојдоа до предност од 2:0 во сетови. Потоа дојде до опуштање во играта со многу грешки и противникот успеа да изедначи на 2:2 во сетови. Во 5-тиот сет, популарниот тај-брејк, сепак Кумановчаните успеаа да се соземат и да го приведат мечот до крај во своја полза.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk