Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На гостувањето во Крушево во мечот против Синалко натпреварот заврши со максимална победа од 3:0, (25:11, 25:19 и 26:24) во корист на домаќините.
Во првиот натпревар во државна лига во одбојка за мажи, Одбојкарски клуб Куманово стартуваше со пораз. На гостувањето во Крушево во мечот против Синалко натпреварот заврши со максимална победа од 3:0, (25:11, 25:19 и 26:24) во корист на домаќините. Иако оваа сезона е означена како време за стекнување на искуство, од управата жалат што нашите млади играчи, кои по повеќе од 15 години одсуство на овој спорт од нашиот град го играа првиот официјален меч, не успеаја да го решат третиот сет во својата корист. Следното коло, поради недостигот на професионални одбојкарски реквизити во Спортската сала во Куманово, тимот на ОК Куманово ќе гостува на една од најсилните екипи од лигата во овој момент, ОК Борец Брако од Велес. По програмата Куманово требаше да биде домаќин на натпреварот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk