Одбојкарите забележаа нова победа

12.11.2012 12:22 | KumanovoNews

Во рамките на 3. Коло на Прва државна лига во одбојка – мажи, Одбојкарски клуб Куманово забележа победа против ОК Мавис Штип, на гостински терен, со резултат 3:1 (25:22, 12:25, 25:20, 25:18).

Одбојкарите забележаа нова победа

Одбојкарите на Куманово, во поголемиот дел на натпреварот беа подобар противник контролирајќи ја играта и резултатот. За жал, како во претходните натпревари, големи осцилации во играта посебно се покажаа во вториот сет во кој нашите одбојкари попуштија во сите елементи од одбојкарската игра. Сепак, веќе во следниот – 3. сет играта се стабилизира и ОК Куманово го приведе овој меч кон крајот до посакуваните три бода. Моментално, ОК Куманово го завзема 5.место на лигашката табела. Во следното, 4.коло, ОК Куманово е слободно.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk