Одбојкарски турнир во чест на Теодора Цветковска

15.07.2013 09:07 | KumanovoNews

 Во салата на СОУ “Перо Наков“ денеска со почеток во 11 часот ќе започне мини турнир во одбојка во чест на загинатата Теодора Цветковска.

Одбојкарски турнир во чест на Теодора Цветковска

Одбојкарски клуб Куманово, како помен од 40 дена за својата трагично почината членка Теодора Цветковска  организира мини - турнир во одбојка со учество на 6 - кратниот шампион во одбојка во Република Македонија Одбојкарскиот клуб Форца Волеј Скопје, Одбојкарски клуб од Пробиштип и Одбојкарски клуб Куманово во помлади категории - вели Денис Вујадиновиќ од Одбојкарски клуб Куманово.

На ваков начин спортистите сакаат да и одадат почит на нивната поранешна члена, Теодора Цветковска која на почетокот на јуни загина во сообраќајна несреќа.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk