Одбојкарскиот Клуб Куманово продолжува со работа во младите категории

26.10.2013 17:25 | KumanovoNews

Одбојкарскиот клуб Куманово оваа сезона нема да има своја екипа во Првата одбојкарска лига во Македонија.

Одбојкарскиот Клуб Куманово продолжува со работа во младите категории

Причините за ваквата одлука се од финансиска природа, но сепак клубот продолжува со својата работа со младинските категории кои своето искуство ќе го стекнат низ турнирските настапи оваа сеозна.

Младите одбојкарки на Куманово утре ќе го играат првиот турнир во Велес. Екипата најпрвин ќе се сретне со тимот на Фит-Фан Волеј од Скопје, а во вториот натпревар ќе играат против екипата на Пробиштип.

Следната недела, започнува турнирот за кадетките на Одбојкарскиот клуб Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk