Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Поради обврските на репрезентацијата на Македонија на меѓународна сцена – квалификации за наредните Олимписки игри, стартот на пролетниот дел од натпреварување во Прва државна лига во одбојка за мажи е закажан за следниот викенд.
Одбојкарите на ОК Куманово пред своја публика го пречекуваат ОК Синалко од Крушево, во кој членувал и играл, непрежалената легенда на македонската музика Тоше Проески. Натпреварот ќе се одигра во сабота, 12. февруари со почеток во 19 часот во салата на Средно економско училиште „Перо Наков“.
Како најава за наредните натпреварувања љубителите на овој спорт ги очекува уште побогата понуда. Во првото коло на натпреварување во Купот на Македонија мажи во одбојка, екипата на ОК Куманово се среќава со ОК Лирија од Жеровјане во среда 16. февруари со почеток од 15:30 во Спортската сала во Куманово. Натпреварот помеѓу ОК Куманово и ОК Борец Брако од Велес во сениорска конкуренција во сабота 19.февруари и последно коло од Младинско првенство во одбојка, кое ќе е на програмата во недела 20.февруари во нашиот град.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk