Одиграни првите три натпревари во НБА лигата

31.10.2012 08:19 | KumanovoNews

Ноќеска се одиграа првите три натпревари од 67.та сезона во НБА лигата со што почна натпреварувањето на најдобрата кошаркарска лига која ќе трае до јуни 2013 година кога ќе се играат финалните натпревари од плеј офот.

Одиграни првите три натпревари во НБА лигата

Шампионот Мајами не дозволи изненадување и го совлада Бостон со 120:107. Предводници во победата беа Двејн Вејд со 29 поени и Леброн Џејмс со „дабл-дабл“ учинок 26 поени и 10 скокови.
Кливленд го победи Вашингтон со 94:84, а единствената гостинска победа ја постигна Далас совладувајќи го Лос Анџелес Лејкерс со 99:91.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk