Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово службено го добија натпреварот против Пелистер. Поради финансиски проблеми, битолчани не се во можност да допатуваат на утрешниот натпревар во Спортската сала.
Со ова Куманово ја издвојува првата победа во продолжението од првиот дел на првенството. Остануваат уште 3 натпревари во кои доколку кумановчани се изборат за позитивен исход, може да се надеваат и на пласман во Супер - лигата. Следното коло Kуманово игра во Прилеп против Ултимејт - Баскет кој има слични проблеми како и Пелистер од Битола. Потоа следува клучниот натпревар на домашен терен против Торус, а првиот дел од првенството го завршуваме со натпреварот против Лирија која во Куманово издвојуваше победа во последните минути од натпреварот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk