Одличен старт на атлетичарите на „Скок„

10.02.2011 09:50 | KumanovoNews

 Матеја Ефремовска  од атлетскиот клуб „Скок„ го освои второто место во петобој на државното пионерско првенство во сала што се одржа викендов во Софија.

Одличен старт на атлетичарите на „Скок„

 Матеја прв пат досега настапи во повеќебој, сепак во натпреварот со своите врснички од Бугарија оствари одличен резултат. Покрај Матеја на истото првенство настапи и Никола Митковски на трка на 60м со пречки и на скок во височина, и постигна лични рекорди и одличен пласман -соопштуват од Клубот.

Петобој е намалена верзија од седмобој и е наменет за натпревари во сала за девојчиња помали од 16 години. Инаку петобојот се состои од следниве дисциплини ( 60м , скок во височина, фрлање ѓуле, скок во далечина , 600м )

Овој пласман е најдобриот воопшто од сите настапи на македонските атлетичари што настапиле на натпреварите во Бугарија неколку години наназад .

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk