Одлични резултати на пливачите на „Тумба“ на државно првенство во Скопје (видео)

11.12.2023 11:41 | Бошко Тасиќ

Членови на пливачкиот клуб "Тумба" од Куманово, викендов учествуваа на Зимското државно првенство во пливање на Македонија, кое се одржа на базенот „Борис Трајковски“ во Скопје и постигнаа одличен успех.

Одлични резултати на пливачите на „Тумба“ на државно првенство во Скопје (видео)

На првенството биле пријавени вкупно 380 пливачи во машка и женска конкуренција, а браќата Марко и Никола Трајановски од ПК „Тумба“ остварија извонредни резултати.

„Никола Трајановски беше успешен и ги постигна следните резултати и пласмани во сениорска конкуренција: прво место на 200м. делфин, второ место  - 50м. слободно, второ место - 100м. делфин, второ место  - 50м. грбно, второ место  - 100 м. грбно, второ место 50м. делфин и трето место  100м. слободно. Неговиот помал брат Марко Трајановски беше успешен на - 50 м. слободно - второ место во конкуренција на младинци, четврто место во сениорска конкуренција, 300м.  делфин - трето место во сениорска конкуренција, второ место 2 место во младинци и второ место 200м. делфин сениорска конкуренција. Посебно задоволство ни беше за првата и втората победа на браќата Трајановски во трката на 200м. делфин“, изјави тренерот Далибор Димковски.На натпреварувањето учество зедоа и Теодора Божиновска, Теона Тодоровска во 100м. делфин и Маша Иванов учество на 50м. слободно.

На натпреварувањето учество зедоа и Теодора Божиновска, Теона Тодоровска во 100м. делфин и Маша Иванов учество на 50м. слободно.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk