Одредени датумите на натперварите за ЕУРО 2012

05.10.2010 09:46 | KumanovoNews

 Свеченото отворање ќе биде на 8 јуни во Варшава, додека финалето е предвидено за 1 јули во Киев.

Одредени датумите на натперварите за ЕУРО 2012

 УЕФА на состанокот одржан во Минск го утврди календарот за Европското првенство што во 2012 година ќе биде одржано во Полска и Украина. Свеченото отворање ќе биде на 8 јуни во Варшава, додека финалето е предвидено за 1 јули во Киев. Полуфиналните мечеви ќе бидат реализирани во Варшава и Доњецк на 27 јуни додека средбите од четврфиналето ќе биде комплетирано во терминот од 21 до 24 јуни во Варшава, Гдањск, Доњецк и Киев. Најмногу натпревари вкупно пет ќе бидат реализирани на стадионите: Варшава, Киев, Доњецк, во четири наврати ќе се користи стадионот во Гдањск, а по три пати селекциите ќе бидат активни на стадионите во Вроцлав, Позњан, Лвов и Харков.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk