Одржано третото коло од боксерската лига

03.10.2012 09:35 | KumanovoNews

Оваа сабота беше одржано третото коло од боксерската лига на Македонија во техничка организација на боксерскиот клуб Брагала од Штип.

Одржано третото коло од боксерската лига

Претставници на кумановскот тим Фајтер беа Џемаил Сакиповски, Никола Димитриевски и Николче Митевски.

Сакиповски и Димитриевски беа победници без борба, додека Митревски беше поразен од Бојан Ристевски, кој заедно со Фатлум Зута се најдобрите активни боксери во Македонија. Сепак ова беше прва борба на Митревски во новата категорија, во која покажа дека има потенцијал да дојде во преден план, пред Ристевски и Зута.

Следното коло се игра на 19.овој месец, во Тетово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk