Оф роад трки „Куманово 2024“ за „11 Октомври“

09.10.2024 15:37 | KumanovoNews

Оф роад Куманово (Offroad Kumanovo)  и Офроад Гараж ( Offroad Garage) организираат оф роад трки, по повод  Денот на народното востание во Македонија - „11 Октомври“.

Оф роад трки „Куманово 2024“ за „11 Октомври“

Организаторите ги покануваат сите љубители на овој адреналински спорт кои поседуваат АТВ, УТВ, Крос или џип да се пријават и да земат учество на овие возбудливи трки , кои ќе се одржат на 11 октомври , со почеток во 9 часот, во атарот на општина Старо Нагоричане.

„Сите заинтересирани можат да се пријават за учество во Оф роад здруженијата или на телефонот  071/309 - 129. Воедно, ги покануваме сите љубители на адреналинскиот спорт да дојдат и да уживаат во настапите на оф роад возачите. Ветуваме возбудлив ден и малку поинаква и несекојдневна забава за сите“, информира Дарко Јовановски од „Оф роад Куманово“.

Оф роад трките се атракција за посетителите, и традиционално се организираат за празничниот ден посветен на ослободувањето на Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk