Олимпијакос го доби грчкото дерби

05.02.2013 10:34 | KumanovoNews

Македонскиот репрезентативец Перо Антиќ и неговиот тим Олимпијакос славеа во големото грчко дерби против Панатинаикос со 72:67.

Олимпијакос го доби грчкото дерби

Олимпијакос и Перо Антиќ имаат причина да слават. Тие го добија големото и вечно грчко дерби против Панатинаикос со 72:67, победа со која го обезбедија првото место во тамошната кошаркарска лига.

Нашиот репрезентативец натпреварот го заврши со само два поени и два скока, додека најефикасен  во таборот на Олимпијакос беше Еј Си Ло со 12 поени. На спротивната страна Димитрис Дијамантидис беше најефикасен со 17 поени.

Перо Антиќ и Олимпијакос во грчкото првенство имаат скор од 14 победи и само едно реми.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk