Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Дел од вработените во Општината од утре до крајот на неделата ќе учествуваат на Синдикалните спортски игри во Струга. Општинарите ќе се натпреваруваат во повеќе спортски дисциплини.
Ќе има натпревари во фудбал, одбојка, пинк-понк, пикадо и други спортови.Таму ќе претстојуваме четири дена,а ќе бидеме сместени во хотелот „Еуротел„. Се надевам дека добро ќе се пласираме и ќе освоиме некоја награда - вели Мартин Костовски, потпарол во Општината Куманово.
Овој спортски настан е во организација на Сојузот на Синдикатите на Република Македонија,а ќе учествуваат претставници од Царината, Катастарот, УЈП, Воената болница од Скопје и Локалните самоуправи.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk