Општината ќе постави видео бим на Градскиот плоштад за натпреварот Македонија-Португалија

28.03.2022 14:25 | Сузана Николиќ

 Општина Куманово ќе постави видео бим на Градскиот плоштад за да можат граѓаните организирано да го следат натпреварот Македонија - Португалија, кои ќе го играат во бараж за Светското првенство во фудбал во Катар. 

Општината ќе постави видео бим на Градскиот плоштад за натпреварот Македонија-Португалија

Градоначалникот Максим Димитриевски, денеска со соопштение до медиумите ги информира граѓаните утре со почеток од 20.30 часот на Градскиот плоштад на видео-бим ќе можат да го проследат натпреварот со Португалија. 

„Ве повикувам сите заеднички да го проследиме натпреварот со Португалија и да навиваме за наша Македонија! Посакувам многу успех на македонската репрезентација и да победиме. Направете не повторно горди Македонци!“, стои во соопштението на Димитриевски.

Иницијативата за организирано гледање на натпреварот е на советничката на ВМРО-ДПМНЕ Елена Доцевска-Божиновска. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk