Општинскиот сојуз на спортови на нова локација

26.05.2015 11:56 | KumanovoNews

Општинскиот сојуз на спортови Куманово од улица „Илинденска“ е преселен на нова локација на улицата „Моша Пијаде“ бр. 32.

Општинскиот сојуз на спортови на нова локација

Од Општинскиот сојуз на спортови објаснуваат дека имаат повеќе простор на новата локација, која одговара за странките и за реализација на нивните работни обврски.

Просторот е поголем бидејќи ние како сојуз континуирано се прошируваме, имаме нови членки. Сега имаме стотина екипи од сите видови на спортови, кои се над 20 и работата е обемна, и затоа мораме да се прилагодуваме за да бидеме поефективни - кажа Драган Божиновски, секретар на Општински сојуз на спортови.

Нивните простории се во зграда на приземје на наведената адреса.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk