Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Најдобриот македонски фудбалер, Горан Пандев поради повредата на десното колено ќе отсуствува само две недели.
Пандев повредата ја доби на првиот натпревар на Лигата на шампионите против холандскиот првак Твенте. Дуелот заврши 2-2.
Повредата на Пандев изгледаше сериозна, и во 59 минута беше изнесен на носилки од теренот, меѓутоа медиумите во Италија пренесоа дека повредата и не е толку сериозна како што изгледаше на прв момент.
Прогнозите се охрабрувачки и за селекторот на македонската репрезентација Мирсад Јонуз, кој ќе може да смета на услугите на Пандев, против Андора и Русија.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk