Партизан - Андерлект

18.08.2010 13:56 | KumanovoNews

Вечерва, фудбалерите на Партизан ќе го одиграат првиот од двата меча против Андерлект за влез во фазата по групи од Европската Лига на Шампиони. Мечот започнува во 20:45 во Белград, на стадионот на Хумска.

Партизан - Андерлект

Шампионот на Србија е во поход за остварување на успехот од сезоната 2003/04, кога во истата фаза беше поуспешен од англискиот Њукасл. Тренерот на Партизан, Александар Станојевиќ нагласува дека неговата желба е победа, па може да биде и 5:4.

На другата страна, тренерот на Андерлект Ариел Јакобс, изјавува дека мирно го дочекува мечот во кој шасите се 50:50. Јакобс додава дека има страв од атмосферата на стадионот, знаејки дека Партизан има голема подршка од публиката, знаејки дека Север и Југ се распордадени, а Исток и Запад има многу малку влезници.

Како пренесува Блиц, покрај публиката, во прилог на Партизан оди и тоа што во таа екипа играат неколку играчи од генерацијата 03/04. Саша Илиќ освен големото искуство, како помош ќе ги добие и копачкте од Миливое Ќирковиќ, копачки со кои е постигнат решавачкиот гол во пенал рулетот против Њукасл.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk