Партизан и Црвена Звезда ќе играат за титулата во АБА лига

26.04.2013 08:37 | KumanovoNews

Црвена Звезда и Партизан утре ќе играат во финалето  на „Финалната четворка“ турнирот од АБА лигата што се одржува во Лакташи, Босна и Херцеговина.

Партизан и Црвена Звезда ќе играат за титулата во АБА лига

Во првото полуфинале, Црвена Звезда  го победи Раднички од Крагуевац со 79:78 во дуел со многу пресврти и драматичен финиш. Рашко Катиќ со 22 поени беше најефикасен кај „ѕвездашите“, а кај Раднички Александар Чапин постигна 25 поени. Македонскиот репрезентативец Предраг Самарџиски не доби шанса да заигра на овој дуел.

Во второто полуфинале, Партизан го порази Игокеа со 63:57, а најзаслужно за тоа беше одличната игра во последниот период кој го добија со 22:17.  Најефикасен кај „партизаните“ беше Бертанс со 15 поени, додека кај домаќините најдобар беше Едвардс со 19 постигнати поени.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk