Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Педро може да се пофали дека имаше добра сезона во Барселона, но го изведе најсебичниот потег во последните шест сезони, а веројатно и подолго.
Младиот напаѓач на Барселона направи доста проблеми на Германија во полуфиналниот Mондијал, но без оглед на тоа што е познато дека знае да солира и што неколку пати било јасно дека прави потег повеќе, тешко дека некој ја очекуваше сцената од 81 минута.
Педро и Торес имаа ситуација „два на еден“, „Ел Нињо“ беше потполно отворен, но сепак Педро продолжи да дрибла и ја изгуби топката.
„Знам дека тоа беше лоша одлука. Требаше да му додадам. Вистинска штета. Такви работи се случуваат, бидејќи мора брзо да се донесе одлука“, рече Педро.
После катастрофалниот потег Торес беше невидено лут, но сепак подоцна се поздрави со Педро кого многу не го очекуваа во стартна постава.
„Немав поим дека ќе играм и малку ме изненадија со одлуката, но бргу се фокусирав, а соиграчите ми помогнаа побрзо да се опуштам. Среќен сум поради начинот на кој одиграв и поради резултатот, но знам дека морав да ја додадам топката“, рече Педро кој тешко би спиел доколку Германија успееше да го изедначи резултатот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk