Пековиќ е нов центар на Куманово

07.10.2016 12:11 | KumanovoNews

Екипата на Куманово го реши проблемот на центарската позиција. Радослав Пековиќ потпиша за тимот на Куманово.

Пековиќ е нов центар на Куманово

Пековиќ е висок 215 центиметри и има 22 години. во досегашната кариера настапувал за Црвена Звезда, две години бил на позајмица во ФМП, а минатата сезона играл за тимот на Тамиш каде што бележел 7 поени и 3 скока по натпревар.

Куманово успеја да го оформи составот пред почетокот на сезоната. Во вторник тие ги започнуваат натпреварите во БИБЛ лигата против тимот на Теодо.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk