Пенали, црвени картони и победа на Атлетико Мадрид

01.02.2013 08:47 | KumanovoNews

Второто полуфинале во Купот на кралот помеѓу Атлетико и Севиља го одбележаа три пенали, три црвени картони, а на крајот славеше домаќинот со 2:1.

Пенали, црвени картони и победа на Атлетико Мадрид

Атлетико Мадрид без Радамел Фалкао ја совлада Севиља со 2:1 во второто полуфинале од Купот на кралот. Овој меч го одбележаа три пенали, три црвени картони и бурни втори 45 минути.

Првото полувреме не донесе голови, а во вториот дел по само три минути игра Спахиќ направи пенал откако играше со рака во сопствениот шеснаесетник. Босанскиот репрезентативец заработи исклучување, а сигурен од белата точка беше Диего Кошта за 1:0 во корист на Атлетико Мадрид.

Сличен епилог имаше и во 56-тата минута, но на спротивната страна. Годин е исклучен поради играње со рака, а успешна реализација на ударот од 11 метри имаше Алваро Негредо за 1:1.

Уште еден пенал беше досуден во 76-тата минута, повторно за Атлетико Мадрид и повторно прецизен беше Диего Кошта за 2:1.

Во финишот на мечот немаше промени на резултатот, но Севиља остана без еден од клучните играчи Фернандо Наваро кој во 86-тата минута доби црвен картон.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk