Перфектниот Аврамовиќ ја урна Струмица, прва победа на кошаркарите

12.10.2014 07:31 | KumanovoNews

Кошаркарите на Куманово ја започнаа новата сезона со победа, одкако славеа на гостувањето во Струмица со резултат 74-92.

Перфектниот Аврамовиќ ја урна Струмица, прва победа на кошаркарите

Тимот на Струмица беше рамноправен противник единствено во првото полувреме. Куманово замина на пауза со резултат 30:39, меѓутоа Струмица сеуште пружаше отпор и имаше индиции дека може да се врати во натпреварот.

Изабраниците на Михајловски го \"прекршија\" резултатот во своја корист кон средината на третиот период, за да на крај оваа победа делува и убедлива.

Кај домашните кошаркари, Брукс постигна 26 поени, додека за Куманово Саша Аврамовиќ одигра перфектен натпревар со 23 поени, во кој не успеја да промаши од игра, забележувајки 10-10 од игра и 1-1 за три поени.

Следниот натпревар Куманово го игра во среда против тимот на Пеќ, на гостински терен.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk