Пет голови за Лазаров и победа на Атлетико

11.02.2013 10:25 | KumanovoNews

Македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров постигна пет голови во победата над Цеље во натпреварот од 8.коло од Лигата на шампионите одигран синоќа во Мадрид.

Пет голови за Лазаров и победа на Атлетико

Со овој триумф Атлетико Мадрид се зацврсти на 3.место на табелата во групата Б.

Вториот наш репрезентативец кој игра во Лигата на шампионите и екс селекторот на Македонија Звонко Шундовски со Констанца загубија од Веспрем со 31:21. Ангеловски беше стрелец на еден гол.

Во ова коло македонскиот првак Металург загуби на гостувањето кај Горење.

Преглед на резултатите и табелите:

А група: Чеховски Медведи – Хамбург 29:29, Флензбург - Партизан 31:23 и Адемар – Монпеље 30:28.

Табела А група: Чеховски Медведи 12 бодови, Флензбург 12, Хамбург 12, Монпеље 5, Адемар 5, Партизан 2.

Б група: Савехоф - Кил 29:40, Веспрем – Констанца (Ангеловски 1 гол) 31:21 и Атлетико Мадрид – Цеље 26:24.

Табела Б група: Веспрем 16, Кил 12, Атлетико Мадрид 8, Цеље 4, Савехоф 4, Констанца 4.

Ц група: Горење – Металург 23:19, Киелце - Санкт Петербург 30:29 и Шамбери – Силкеборг 29:26.

Табела Ц група: Киелце 16, Горење 12, Металург 10, Силкеборг 6, Шамбери 2, Санкт Петербург 2.

Д група: Кадетен Шафхаузен - ПИК Сегед 36:29, Загреб КО - Динамо Минск 23:25 и Берлин - Барселона 31:30.

Табела Д група: Барселона 14, Берлин 12, Динамо Минск 11, Кадетен Шафхаузен 4, ПИК Сегед 4, Загреб КО 3.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk