Пет медали за АК Скок

01.03.2011 16:01 | KumanovoNews

На 27 февруари се одржа Државното првенство во Крос. Во сите возрасни категории, членовите на АК Скок освоија 5 медали во поединечна конкуренција.

Пет медали за АК Скок

Овој натпревар беше и изборно првенство за Македонската атлетска репрезентација која ќе настапи на Балканското првенство во крос кое ќе се одржи на 13 март во Србија - Крагуевац.

Во категорија на пионерки - до 15 години кои трчаа на 1000м освоија Џенета Имери освои второ место, а Матеја Ефремовска трето.

Прво и Второ место во категорија на младинци (јуниори) - до 19 години кои трчаа на 6000м освоија Милош Ранчиќ и Гзим Имери.

Огнен Павловски кој се натпреваруваше во категоријата помлади сениори (до 23 години) освои второ место на 8000м.

Место во македонскиот национален тим кој ќе оди во Крагуевац изборија Милош Ранчиќ, Огнен Павловски и Гзим Имери.

Во екипна конкуренција АК Скок заврши како третопласиран, но од клубот истакнуваат дека натпреварувачите немале посебни подготовки, ниту настап на сите натпреварувачи.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk