Петровски е учесник на светското првенство во велосипедизам

17.09.2012 08:02 | KumanovoNews

Најдобриот македонски велосипедист Стефан Петровски од денеска ќе учествува на Светското првенство во велосипедизам кое се одржува во Лимбург, Холандија.

Петровски е учесник на светското првенство во велосипедизам

Нашиот најдобар велосипедист ќе настапи во една од најтешките дисциплини - хронометар во категорија до 23 години во должина од 35 километри. На Светското првенство оваа година ќе се настапат околу 200 велосипедисти од целиот свет, а нашата репрезентација се наоѓа на 85.место на светската ранк листа.

Добро сум подготвен и се наоѓам во добра натпреварувачка форма а на Светското првенство очекувам пласман меѓу велосипедистите од првата половина или поточно испод 100.место што лично за мене би преставувало одличен резултат. - изјави Стефан Петровски

Учеството на Светското првенство преставува големо признание како за Велосипедската федерација на Македонија, така  и за самиот Петровски.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk