Петта победа за Атланта

19.03.2014 09:23 | KumanovoNews

Тимот на нашиот кошаркар Перо Антиќ синоќа на домашен терен ја продолќи победничката серија и ја совлада екипата на Торонто со резултат 118:113.

Петта победа за Атланта

По 53 минути игра Атланта дојде до 5тата по ред победа во низа што е и најдолга победничка серија за оваа сезона.

Перо Антиќ кој повторно беше старте на теренот, постигна вкупно 8 поени со 29 минути игра на теренот.

Најефикасни во составот на Атланта беа Џеф Тиг со постигнати 34 поени и Пол Милсеп со 19 поени, 13 скокови и 10 асистенции, додека кај Торонто најефикасен бепе Демар Дерозан со 29 поени и 10 скокови .

Атланта и Торонто одиграа возбудлив и израмнет натпревар во кој само во второто полувреме двете екипи дури 23 пати се менуваа во водство, а резултатот беше израмнет 11 пати.

Во регуларниот дел натпреварот заврши со резултатот 106:106, а по продолжението Атланта триумфираше со 118:113.

Во сабота наутро во 00:30 по наше време, Атланта ја пречекува екипата на Њу Орлеанс.

Резултати:

Атланта - Торонто 118:113 (пп)

Кливленд - Мајами 96:100

Портланд - Милвоки 120:115 (пп)

Сакраменто - Вашингтон 117:111 (пп)

Голден Стејт - Орландо 103:89

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk