Петто коло на македонската боксерска лига

03.12.2010 14:15 | KumanovoNews

 Во организација на боксерскиот клуб „Фајтер„, утре во спортската сала Куманово  ќе се одржи петото коло на македонска лига во бокс.

Петто коло на македонската боксерска лига

 На натпреварувањето ќе настапат повеќе боксери од Куманово, предводени од поискусните колеги. Во јуниорска конкуренција предводници на Куманово ќе бидат Николче Митевски во категорија до 64 кг и Атдхе Мисини во категорија до 91 кг. Сениорите ќе ги предводат учесниците на последниот 40-ти јубилен „Златниот гонг„, Ибраим Мустафи во категорија до 60 кг и Гордан Антиќ во категорија до 64 кг.

Почетокот е закажан во  13.30 часот, а влезот е бесплатен.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk