Петто место за кумановските пингпонгари во државната јуниорска лига

08.11.2021 13:19 | KumanovoNews

Во конкуренција на осум екипи, со две победи и еден пораз, екипата на  Пинг понг клуб „КУМАНОВО“ се пласира на петтото место во Државната јуниорска лига, што е подобар пласман од минатата сезона за едно место.

Петто место за кумановските пингпонгари во државната јуниорска лига

Кадетите Андреј Васевски, Ведран Рангелов и Глигор Доневски, зедоа учество на завршните финални натпревари од лигата, што се одржаа во Крива Паланка.

„На самиот старт доживеавме пораз од екипата на ППК „Пелагонија“ од Битола и загубивме со 3:1, каде пресуден беше натпреварот во двојки, по што  се  најдовме во групата што треба да  разигрува за пласман од пето до осмо место. Следуваа две победи против ППК „ЗЕГИН БЕРОВО“ со 3:0 и победа против ППК „ШАМПИОН ФА“ од Штип со 3:2 во директен натпревар за освојување на петтото место“, истакна тренерот на ППК „КУМАНОВО“ Мики Трендафиловски.

 Екипата на  ППК „КРИВА ПАЛАНКА“ ја одбрани титулата од минатата година и беше најдобра  во јуниорската лига, и во машка и во женска конкуренција. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk