Пингпонгарката Ива Димитриевска прва на турнир во Крива Паланка

15.02.2016 11:02 | KumanovoNews

На Зимскиот турнир за пионери што се одржа викендов во Крива Паланка, во организација на Пингпонгарската федерација на Македонија, пингпонгарката на Пинг понг клуб „Куманово “ Ива Димитриевска го освои првото место.

Пингпонгарката Ива Димитриевска прва на турнир во Крива Паланка

Оваа ни е прв турнир во новата година што го играме во Република Македонија, по двата успешни турнири во Алексинац и Врање во Република Србија и двете први места на истите. Бевме најдобри и на овој турнир. Победени се сите противнички без изгубен сет и освоени максимален број на бодови. Сакам да истакнам дека ова е еден од четирите турнири кои се бодуваат за конечна ранг листа,  која ја изготвува Пингпонгарската федерација на Македонија. Задоволен сум од постигнатиот резултат, но и од подобрувањето на играта на Ива. Полека но сигурно ги надминуваме малите проблеми што ги имавме на изминатите настапи - ни изјави тренерот  Мики Трендафиловски.

Димитриевска ќе се подготвува за турнирите кои ја очекуваат во оваа 2016 година.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk