Пингпонгарката Ива Димитриевска со прво место во Алексинац

18.01.2016 10:28 | KumanovoNews

На Новогодишниот отворен турнир во пинг понг „Алексинац 2016“ што се одржа викендов во Алексинац, Србија, младата пингпонгарка од Пинг понг клуб „Куманово“ , Ива Димитриевска  го освои првото место во категорија на кадетки.

Пингпонгарката Ива Димитриевска со прво место во Алексинац

Иако стартувала лошо, Ива успеала да се подобри во текот на играта и да го освои првото место.

Напорниот пат и лошото време, што не следеше на патувањето до Алексинац, прионесоа да стигнеме на пет минути пред самиот почетокот на овој турнир. Во игра влеговме недоволно подготвени и имаме лош старт во првиот натпревар што го имаше Ива во сениорска конкуренција. Но, за наша среќа успеавме да за краток временски период да се адаптираме и да Ива заигра поквалитетно, и да во нејзината категорија на кадетки го забелешиме овој успех. Освоен е победничкиот пехар , златен медал и диплома за освоено прво место во категорија на кадетки. Задоволен сум од резултатот, но не и во целост од играта што ја покажа Ива на овој турнир. Ни останува да во иднина работиме поангажирано и сите недостатоци да ги отклониме - изјави тренерот Мики Трендафиловски.

Димитриевска иако е млада зад себе има бројни успеси и награди во овој спорт.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk