Пингпонгарката од Куманово прва на турнир во Скопје

21.01.2015 09:48 | KumanovoNews

Ива Димитриевска, пингпонгарка во пингпонгарскиот клуб “Куманово“, освои прво место на вториот по ред турнир “Здравје Радово“ во Скопје,  организиран од Пингпонгарската федерација на Македонија.

Пингпонгарката од Куманово прва на турнир во Скопје

“Со пет победи и само еден изгубен сет во сите натпревари што ги одигра на овој турнир, Ива го потврди својот примат во Република Македонија во својата категорија. Очекувам да продолжиме со континуирана работа и да се подготвиме добро за следните натпревари, иако се соочуваме со финансиски потешкотии“ - вели тренерот Мики Трендафиловски.

Трендафиловски објаснува дека поради финансиски проблеми, талентираните пингпонгари не можат да учествуваат на поквалитетни турнири во странство.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk