Пингпонгарки од „Куманово“ трети на државно првенство во Крива Паланка

14.12.2015 11:58 | KumanovoNews

Младите пингпонгарки од пинг-понг клубот “Куманово“ земаа трето место на штотуку завршеното 24-то  државно екипно првенство, кое се одржа во Крива Паланка во организација на истоимениот пинг-понг клуб и Пингпонгарска федерација на Македонија.

Пингпонгарки од „Куманово“ трети на државно првенство во Крива Паланка

Екипата ја сочинуваа Ива Димитриевска, Андреа Стојмановска и Ива Ефтимска.

Со малку поголема спортска среќа во натпревар во кој преовладуваше беспоштедна борба, со добро одиграни поени и натпревар кој директно одлучуваше за второ место, мојата млада екипа не успеа да го добие овој меч и загуби со 3:2 од далеку поискусната екипа на “Градба промет“ од Кавадарци - рече тренерот Мики Трендафиловски.

Трендафиловски вели дека сепак е задоволен од резулатот кој го постигнаа пингпонгарките од „Куманово“.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk