Пинк Пантери се вратија од гостувањето во Софија

12.03.2019 17:46 | KumanovoNews

Кошаркарскиот клуб Пинк Пантери го заврши своето гостување во Софија каде што одиграа пријателски натпревари со екипите на Левски и Славија.

Пинк Пантери се вратија од гостувањето во Софија

На оваа гостување, Пинк Пантери патуваа со две екипи, едниот тим кошаркари родени 2006/2007 и помлада екипа која е генерација 2008/2009.

Во краток временски период после гостувањето во Белград, овозможивме нашите кошаркари да се стекнат со ново меѓународно искуство. Тие одиграа неколку пријателски нивните врсници од клубовите КК Левски и КК Славија, со што го продолживме континуитетот на квалитетни натпревари за нашите кошаркари - изјави Бојан Златковски, директор на клубот.

Тој додаде дека ова е второ гостување на Пинк Пантери во Софија, а тимот на Левски учествуваше на турнирот во Куманово во 2013 година што е потврда за добрата соработка помеѓу овие два клуба.

Пинк Пантери продолжуваат со својата програма, а до крајот на сезоната ги очекуваат уште меѓународни искуства.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk