Пинк Пантери учествуваа на турнир во Грција

23.05.2014 10:50 | KumanovoNews

Минатиот викенд, кошаркарскиот клуб Пинк Пантери имаше успешен настап на меѓународен турнир во Грција.

Пинк Пантери учествуваа на турнир во Грција

Турнирот беше за играчи родени 2001/2002 година, а покрај кумановчани, учество земале и тимовите на ПАОК, Ираклис и ГБА(Грчка кошаркарска академија).

Одигравме три рамноправни натпревари каде што забележавме една победа и два пораза. Презадоволни сме од прикажаната игра на овој силен кошаркарски турнир - изјави Бојан Златковски, директор на екипата.

Тој додаде дека биле одлично примени од страна на организаторите на турнирот и дека соработката помеѓу овие клубови ќе продолжи и понатаму.

Се работи за тимови со голема историја и одлични младински погони. Ваквите натпревари ќе им значат на нашите млади кошаркари за нивниот развој во иднина - додаде Златковски.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk