Пионерчињата на ЖРК го пречекуваат Вардар

09.10.2015 09:47 | KumanovoNews

Пионерскиот состав на ЖРК Куманово во недела ја пречекува екипата на Вардар.

Пионерчињата на ЖРК го пречекуваат Вардар

Натпреварот се игра во рамките на второто коло од пионерската младинска лига. Почетокот на мечот е закажан за 13 часот а натпреварот ќе се игра во салата на Економското училиште. Младиот тим на Куманово, минатото коло беше поуспешен од Делчево.

Поради квалификационите натпревари на женската репрезентација, сениорските лиги оваа недела паузираат. Следниот натпревар ЖРК Куманово го игра на 17.10 против екипата на Вардар Јуниор.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk