Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Оваа е 19-то традиционално искачување на Голем Кораб , кое го органзира планинарското друштво Кораб од Скопје, а по повод денот на независноата 8-ми септември.
Педесетина планинари од Спортко-планинарскиот клуб „Козјак„ во недела ќе се искачат на највисокиот врв во Макеоднија Кораб. Оваа е 19-то традиционално искачување на Голем Кораб , кое го органзира планинарското друштво Кораб од Скопје, а по повод денот на независноата 8-ми септември.
Се очекува учество да земат 720 планинари од Македонија, Србија и Бугарија на традиционалното освојување на врвот Голем Кораб.Планинарите треба да совладат патеката долга околу 19 километри во два правца. Се надевам дека нашите планинари ќе постигнат позитивни резултати, односно ќе успеат да се запишат во книгата на оние кои го освоиле најголемиот врв, висок 2764 метри. Поаѓањето е во недела од пред Центарот за култура во 5.30 минути - вели Мартин Величковски, секретар во Спортско-планинарскиот клуб Козјак од Куманово.
Наредната активност на куманоските планинари е традиционалниот меморијален марш во чест на починатиот планинар Појак Калман чие име го носи и планинарскиот дом во селото Дејловце. Планинарите маршот ќе го реализираат на маркирана патека на планината Козјак во куманоскиот регион.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk