Планинарите од “Козјак“ се искачија на врвот Руен

06.07.2015 09:00 | KumanovoNews

Планинарите од Здружение спортско планинарски клуб “Козјак“, на покана на клубот “Руен“ од Крива Паланка вчера се искачија на врвот Руен висок 2252 метри на Осоговските планини.

Планинарите од “Козјак“ се искачија на врвот Руен

“Беа дојдени и планинари од Бугарија, и заедно бевме на традиционален ручек планинарско гравче. Патеката беше долга 20 км  во двата правца. Следен врв за искачување ни е Солунска глава, а  во август ќе се одржи  Младински камп Длабочица 2015“-рече Мартин Величковски, секретар на  “Козјак“.

Величковски додава дека утре близу планинарскиот дом во село Длабочица ќе има народен собир, по повод селската слава Свети Јован, чие име го носи и црквата во селото.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk