Плеј оф финале: МЗТ Скопје гостува во Гевгелија

21.05.2013 08:31 | KumanovoNews

Шампионот МЗТ Скопје вечерва (почеток 19 часот) ќе се обиде да стигне до втората победа во финалето на плеј офот и серијата со Кожув да ја однесе во помирни води.

Плеј оф финале: МЗТ Скопје гостува во Гевгелија

За разлика од нив предизвикувачот Кожув, ќе брка победа што би значело изедначување во финалето. Гевгеличани се единствените, кои оваа сезона го победија првакот, но ќе имаат проблем бидејќи ова ќе им биде трет натпревар во рок од пет дена и прашање колку избраниците на тренерот Марјан Србиновски се подготвени да играат во „НБА ритам“.

Првиот натпревар во неделата во СЦ „Борис Трајковски“ го доби МЗТ Скопје со 73:57 (1-0 во победи за МЗТ Скопје).

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk