Пливачките клубови бараат што побрзо да се отвори базенот во Куманово

01.02.2022 11:45 | Стефан Николиќ

Пливачките клубови „Немо“,„ Делфин“,„ Тумба“ и „Цоне Тумба 2018“, преку заедничко соопштение апелираат до надлежните што поскоро да се најде решение, кое ќе овозможи нормално функционирање на затворениот базен во Куманово. 

Пливачките клубови бараат што побрзо да се отвори базенот во Куманово

„Петстотини кумановски пливачи се оставени на милост и немилост. Пет пливачки клубови од Куманово и еден ватерполо клуб ќе останат без тренажен процес и тоа непосредно пред оддржување на националното првенство во пливање“, стои во дел од соопштението.

Клубовите од Куманово истакнуваат дека дел од пливачите се шампиони на Македонија и освојувачи на други медали, поради што бараат нивната долгогодишна работа да не се маргинализирана.

„Според изјавите на надлежните гледаме дека ќе нема решение во скорешно време, па апелираме до надлежните институции коишто стопанисуваат со овој објект да изнајдат решение за овој проблем, во спротивно ќе бидеме приморани да побараме помош од државата“, стои на крајот од соопштението.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk