По 11. пат ќе се одржи мото крос трка во „Забел“

27.08.2019 09:11 | KumanovoNews

На патеката во близина на манастирот Забел, Општина Старо Нагоричане, утре (среда), ќе се оддржи традиционалната мото-крос трка.

По 11. пат ќе се одржи мото крос трка во „Забел“

Организатор на мото трката е Општина Старо Нагоричане.

„По повод верскиот празник Голема Богородица која е слава на манастирот Забел, традиционално како и секоја година така и оваа Општина Старо Нагоричане како генерален спонзор организира мотокрос трка на патека “ЗАБЕЛ“ во Старо Нагоричане. Трката е од ревијален и забавен карактер. Се покануваат гости и возачи од цела Македонија да дојдат да ни се приклучаат на оваа манифестација. Свеченото отварање на трката е закажано во 12 часот, - изјави градоначалничката на Старо Нагоричане, Жаклина Јовановска.

На трката ќе учествуваат мотоциклисти од земјава.

Трката се ореганизира по 11. пат и привлекува голем број на гости од Североисточниот регион.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk