По три сезони Мандиќ го напушти Куманово

13.07.2016 12:43 | KumanovoNews

Крилото на Куманово Вукашин Мандиќ по три сезони го напушта тимот на КК Куманово и својата кариера ќе ја продолжи во Кипар.

По три сезони Мандиќ го напушти Куманово

Тој дојде во Куманово пред три сезони кога тренер на тимот беше Горан Димитријевиќ, а веќе од следната сезона беше носител на екипата која го одигра првото финале во поновата историја на клубот. Во последната сезона беше очигледен неговиот пад во формата, во еден дел од сезоната доби отказ, па повторно беше вратен во тимот по тренерската смена.

Мандиќ покрај добрите игри во дресот на Куманово, ќе биде запаметен и како контроверзен играч кој беше во конфликт со речиси сите тренери на Куманово, и како провокатор кон противничките играчи, посебно кон поранешните соиграчи.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk