Победа на Куманово против Работнички

24.02.2013 11:43 | KumanovoNews

Кошаркарите на Куманово издвојуваа победа во дуелот против екипата на Работнички од Скопје со резултат 83:70.

Победа на Куманово против Работнички

Екипата на Куманово покажа стабилна игра и имаше водство во текот на целиот натпревар.

Најефикасен на натпреварот беше Александар Костовски со 29 поени. Кај екипата на Работнички Немања Јелисијевиќ постигна 23 поена.

Следниот натпревар Куманово го игра повторно на домашен терен, и тоа против екипата на Пелистер Спорт.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk