Победа на Летонија и Хрватска во последните секунди од мечот

05.09.2013 15:07 | KumanovoNews

Веќе завршија првите четири натпревари од второто коло на Европското првенство. Најатрактивен натпревар беше во групата Б, каде Летонија ја победи Црна Гора.

Победа на Летонија и Хрватска во последните секунди од мечот

Вистинска сензација е репрезентацијата на Летонија, која иако важеше за аутсајдер во групата, денеска ја забележа втората победа и со стопроцентен скор го чекаат утрешното балтичко дерби помеѓу Литванија и Летонија.

Тројката на Кристапс Јаниченокс ги донесе на Летонците нова победа со резултат 73:72, а црногорците не успејаа во последниот напад да поентираат за победа.

Анте Томиќ и донесе победа на Хрватска против Грузија, со шут со звукот на сирената за конечен резултат 77:76. Со тоа Хрватска избегна нов пораз, по вчерашниот дебакл од Шпанија.

Изненадување на денот е и победата на Украина против Израел со резултат 74:67, а во последниот натпревар Финска ја совлада Шведска со 81:60.

Од 17:45 играат:

  • Германија - Белгија
  • Босна и Херцеговина - Србија
  • Полска - Чешка
  • Италија - Турција
Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk